ЗА НАС
Млекара ИМВ Доо од Битола започна со производство ма млечни производи под брендот VEMILK во 2017 година. Лоцирана е во с.Кравари, во подножјето на Баба планина, во најмлечниот регион - Пелагонија.
Во објект од 2100m2, Изграден по најнови стандарди и опремен со најсовремена технолошка опрема секојдневно се произведуваат стандардни, безбедни 100% млечни производи
Белото саламурено сирење, кашкавалот, биеното сирење и урдата се производите коишто за многу кратко време станаа препознатливи на пазарот, го освоија вкусот ка купувачите и се наградени со нивната доверба.
Нашиот асортиман се проширува со производство на свежо млеко, неколку типови на јогурт и кисело-млечни производи, така што ќе ја збогатат својата трпеза со квалитетни производи.
Уживајте со VEMILK - млечно Вкусно
Нашите производи се прилагодени за сечиј вкус и потреба, па затоа доаѓаат во различни амбалажи и големини

Вакум

Штека

Канте

Канта

Пита круг
Нашите три најсилни особини се:
Квалитетот на производите кој го потврдуваат нашите верни потрошувачи
Процесот на изработка по строг HACCP стандард
Постојаната иновација во производството што гарантира уникатен вкус
Растот и развојот се наши цели и секогаш се стремиме кон највисок квалитет....
Објектот зa Преработка на млеко и млечни производи се наоѓа на КПбр. 3398/1, ГП2.22, KO Буково, м.в. Јаноица Општина Битола, со бруто површина од 856 m2..Објектот е приземен. Котата на приземје е55cm од околниот терен. Пристапот до објектот е на источната страна од стамбена улица и од западната страна од сервисна улица 2.
За дејноста што ќе се обавува во инсталацијата фирмата има добиено решение за одобрен елаборат за зашита на животна средина од Општина Битола со УП1 16-90/2014 од 06.03.2014.
Со цел технолошкиот процес да се одвива согласно предвидените стандарди во објектот има простории во кои е сместена опрема во која се вршат лабараториски испитувања, компресорско одделение за снабдување на опремата со флуиди, како што се воздух, топла вода и загревање на просториите. ЦИП системот се користи за чистење на опремата после секое завршување на технолошкиот процес и користи жешка вода, NaOH иHNO3
IMV - Индустрија за млеко Велковски